Моќна маркетинг алатка Newsletter

Kако резултат на се поголемото значење на електронските медиуми за функционирањето на една модерна компанија, се повеќе се зголемува употребата на т.н. Newsletters. Newsletter претставува едноставна, но и моќна, маркетинг алатка за комуникација од страна на компанијата до клиентот која нуди лесен и периодичен пристап до најновите информации и понуди кои се од интерес за конкретниот клиент. Оваа алатка служи за информирање на корисниците за расположливите продажни карактеристики на компанијата, предстојните проекти и обврски на истата. Ваквите информации најчесто се испраќаат во облик на обичен краток магазин, на одредени временски периоди.

 

ПРОБЛЕМИ СО ВАШИОТ КОМПЈУТЕР?

Компјутерскиот центар Кјуб Системи си нуди
комплетен, модерен, професионален сервис за сите
типови на компјутери во вашите простори

-Сервис и одржување на вашите системи
-Поправка и одржување на печатачи
-Мрежна и системска интеграција
-Бесплатен консалтинг и безбедносни услуги

Контактирајте не!

Кјуб Системи - Идеално IT решение за Вас!
тел./факс. +389 2 277 4171
е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
веб: www.cube.com.mk

Бенефициите од користење на оваа метода е можноста да се информираат огромен број на клиенти одеднаш и сигурноста во тоа да секој од нив биде навремено и точно информирани за вашите идни настани. Ова вооедно и ќе ја зголеми популарноста на вашата компанија кај вашите клиенти но и кај пошироката јавност. Редовноста на ваквите newsletters, како и нивната професионална изработка,  придонесува кон имиџот на вашата компанија како и кон лојалноста на вашите клиенти.  Како резултат на овие одлики, оваа метода на маркетинг и комуникација претставува важен аспект од функционирањето на секоја модерна организација.

Спецификации

Дека кон оваа метода на маркетинг се приоѓа сериозно, говорат и фактите дека на истата се извршени обемни статистички мерења кои само сведочат кон нејзината неопходност.
Статистиката покажува дека ваквов newsletter кој е редовно и кохерентно дистрибуиран ја зголемува препознатливоста на компанијата, ги подобрува односите компанија-корисник, и генерира позитивни мислења од страна на корисниците. Податоците покажуваат дека 94% од newsletters кои што се испраќаат одеднаш, стигаат до корисникот во следните 5 минути. Но сите овие факти не говорат многу доколку компанијата не извлече некаква директна финансиска полза од примената на оваа тактика на маркетинг. Поради тоа е извршено следење на активноста на корисниците кои се претплатени на newsletters во споредба со корисниците кои не се, во рамките на една компанија. И дојдено е до резултати кои говорат дека корисниците кои се претплатени на овие newsletters генерираат 35% поголема продажба на расположливите артикли во однос на обичниот “неинформиран” корисник.
Како дополнение на овие статистики извршени се и неколку анкети во кои испитаници биле токму корисниците кои се претплатени на некаков вид на newsletter. Резултатие до кои дошле се следниве: повеќе од 80% од испитаниците потврдиле дека newsletters се корисен извор за навремено информирање, 75% од истите рекле дека ги зачувуваат поедините newsletters кои им се од посебен интерес, а 32% ги препраќаат на свои пријатели.
За обичниот корисник ваквите податоци не се од големо значење, но за една компанија која има за цел да го прошири својот пазар и распон на клиенти, ваквите статистички податоци говорат сами за себе.

Дека кон оваа метода на маркетинг се приоѓа сериозно, говорат и фактите дека на истата се извршени обемни статистички мерења кои само сведочат кон нејзината неопходност.Статистиката покажува дека ваквов newsletter кој е редовно и кохерентно дистрибуиран ја зголемува препознатливоста на компанијата, ги подобрува односите компанија-корисник, и генерира позитивни мислења од страна на корисниците. Податоците покажуваат дека 94% од newsletters кои што се испраќаат одеднаш, стигаат до корисникот во следните 5 минути. Но сите овие факти не говорат многу доколку компанијата не извлече некаква директна финансиска полза од примената на оваа тактика на маркетинг. Поради тоа е извршено следење на активноста на корисниците кои се претплатени на newsletters во споредба со корисниците кои не се, во рамките на една компанија. И дојдено е до резултати кои говорат дека корисниците кои се претплатени на овие newsletters генерираат 35% поголема продажба на расположливите артикли во однос на обичниот “неинформиран” корисник.Како дополнение на овие статистики извршени се и неколку анкети во кои испитаници биле токму корисниците кои се претплатени на некаков вид на newsletter. Резултатие до кои дошле се следниве: повеќе од 80% од испитаниците потврдиле дека newsletters се корисен извор за навремено информирање, 75% од истите рекле дека ги зачувуваат поедините newsletters кои им се од посебен интерес, а 32% ги препраќаат на свои пријатели.За обичниот корисник ваквите податоци не се од големо значење, но за една компанија која има за цел да го прошири својот пазар и распон на клиенти, ваквите статистички податоци говорат сами за себе.

Начин на употреба

Најчестиот принцип на употерба на newsletter е корисникот да има можност да се претплати кон истиот. Тоа се постигнува на тој начин што се додава таква опција на web станата на компанијата.

Откако корисникот ќе избере да се претплати на вашиот newsletter, ќе биде потребно да се внесат одредени информации од негова страна, најчесто само e-mail адреса е доволно. По ова, добиената e-mail адреса се внесува во веќе креираната база на вакви адреси, кон кои подоцна се испраќаат горенаведените newsletters. Покрај пријавување, на корисниците им се нуди и можност да ја откажат претплатата на оваа опција, односно, повеќе да не примаат вакви известувања од вашата компанија.

Доколку сте заинтересира за оваа алатка, или би сакале да добиете подетални информации за истата обратете се на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на tel\fax 02/277-4171

 

Cube Newsletter

Сервисен дел:

problem