Модул за локација Google Maps
Оваа технологија е развиена од страна на Google и е масовно употребувана веќе од самото нејзино промовирање. Главната нејзина карактеристика е репрезентација на мапи од целиот свет поткрепени со улични насоки, систем за планирање на патување со или без превозно средство и урбан бизнис локатор за голем број на земји низ светот.
Притоа сево ова е изведено користејќи висококвалитетни сателитски снимки од целиот свет. Еден од нејзините креатори оваа технологија ја нарекува “еден начин на географско организирање на податоците низ светот”.

Едно од многуте места на кое наоѓа примена оваа технологија е и web страните на разни компании и организации, притоа овозможувајќи лесна и софистицирана локација на нивните објекти од страна на корисниците. Дополнително мапите содржат 2 начина на прикажување на локацијата, едниот е стандардна мапа со приказ на улици и објекти од важност, а пак вториот го сочинуваат сателитски снимки. Уште еден додаток е и системот за планирање на патување кој овозможува пресметки на растојание од едно место до друго во зависност од тоа дали се употребува превозно средство или не.












