Електронска Евиденција на Претставки и Предлози

01 02 03 04

Cube ЕЕПП претставува софтвер наменет за поедноставување на имплементацијата на Законот за постапување по претставки и предлози. Овој закон е релативно нова законска материја која го оживотвoрува уставното загарантирано право на граѓаните да поднесуваат претставки, утврдено во член 24 од уставот на Република Македонија. Со овој закон се уредува постапувањето по претставките и предлозите поднесени до Претседателот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија, судовите, органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, јавни установи и служби и други органи и организации што имаат јавни овластувања.

Оваа софтверска алатка нуди брзо и ефикасно следење на состојбата на предметите и текот на нивните постапки. Сепак, една од главните причини зашто Cube ЕЕПП значително ја подобрува и забрзува работата на институциите при имплементацијата на Законот за постапување по претставките и предлозите е фактот што голем дел пд пресметките и операциите во софтверот се автоматизирани и се извршуваат со клик на само еднп копче. Сампто запишување на податоците за еден предмет и соодветната постапка во Уписник за предмети и постапки може да биде доста долга и напорна работа доколку тоа се прави рачно. Се тоа се менува благодарејќи на можностите и капацитетите на овој софтверски пакет. Креирањето и промената на Уписникот за предмети и постапки е автоматска и не бара никаква дополнителна интервенција од страна на корисникот.

Софтверот вклучува:
  • Евиденција на записници
  • Евиденција на предмети
  • Евиденција на постапки по предмети
  • Евиденција на уписници за предмети по претставки и предлози
  • Евиденција на извештаи за податоците што се однесуваат на постапувањето по претставки и предлози

За повеќе информации во врска со овој софтверски пакет кликнете овде Основни податоци.pdf

Повеќе информации во врска со Законот за постапување по претставки и предлози може да добиете на следната web страна www.pravo.org.mk

Cube Newsletter

Сервисен дел:

problem